Дома Фудбал Скромниот Канте повторно го воодушеви светот: Првата средба со трофејот беше нешто посебно (Видео)

Скромниот Канте повторно го воодушеви светот: Првата средба со трофејот беше нешто посебно (Видео)

Нголо Канте повторно успеа да ја воодушеви спортската јавност. Човекот со неверојатна скромност беше најдобар поединец во финалето на ЛШ.

Челси одигра фантастичен натпревар, целосно го неутрализираше Манчестер Сити и на крајот заслужено победи со 1:0. Канте го “преора“ теренот на стадионот Драгао и практично го имаше насекаде.

Така овој 30-годишен играч стигна до ново достигнување во кариерата. Во период од пет години стана првак на Англија два пати, го освои СП, Лига Европа и Лига на шампиони.

Сцената после натпреварот кога Зума го носеше во раце малиот Канте го обиколи светот, меѓутоа неговата прва средба со трофејот беше нешто посебно.

Додека сите играчи на Челси од среќа и задоволство го бакнаа пехарот, скромниот Канте одлучи само претпазливо да го допре со блескава насмевка на лицето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…