Дома Фудбал Скандал: Голманот на Евертон се тепал во паб

Скандал: Голманот на Евертон се тепал во паб

Голманот на Евертон и англиската репрезнетација, Џордан Пикфорд  учествувал во масовна тепачка во Ливерпул во неделата, пренесуваат медиумите на Островот.

Пикфорд пристигнал со пријателите во локалниот паб кога дошло до масовна тепачка во која едно лице било повредено.

Имено, група луѓе кои биле во пабот почнале да се потсмеваат на голманот на Евертон, што ги налутило неговите пријатели.

Не е познато дали самиот Пикфорд бил актер во тепачката, но јасно е дека се нашол во ситуација која може да му наштети, а Евертон нема уште официјална реакција.

Од полицијата најавуваат и дека го истражуваат случајот со оваа пресметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кровиновиќ замина во Бразил, а Гремио сега стравува од испаѓање

Шест кола пред крајот, бразилскиот великан е под линијата за опстанок. Поранешниот играч н…