Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг се очекува во следниот период да потпише нов договор со „граѓаните“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Раководството на клубот се одлучило да му го продолжи договорот на фудбалерот кој има феноменален старт на сезоната по се посилниот интерес од страна на Реал Мадрид и Барселона.
Стерлинг пред само една година потпиша договор со „граѓаните“ вреден 300 илјади фунти неделно, но сега раководството веќе започнало преговори за нов договор.
Сити е спремен да го направи најплетен фудбалер во Премиер лигата и да го „блиндира“ Стерлинг до 2023 година, а тоа се подолжи на големиот интерес на Реал Мадрид за играчот.
Стерлинг на 17 одиграни натпревари за Сити оваа сезона постигна 14 голови и забележа пет асистенции.