Дома Фудбал Сите ја чекаа неговата изјава: Еве што кажа Артета по очајниот настап на Давид Луиз

Сите ја чекаа неговата изјава: Еве што кажа Артета по очајниот настап на Давид Луиз

Фудбалерите на Арсенал вчера претрпеа пораз кај Манчестер Сити со убедливи 3:0.

Главен виновник за поразот на Арсенал беше Давид Луиз кој беше директен виновник за првите два гола, а доби и црвен картон. На сето тоа тој на теренот помина само 25 минтуи бидејќи влезе како резерва во 24. минута на местото на повредениот Пабло Мари.

Фудбалската јавност го чекаше мислењето на Артета за неговиот настап, а еве што имаше да каже Шпанецот.

„Беше искрен во соблекувалната. Моето мислење за него нема да се промени по овој натпревар. Знам каков фудбалер е и нема да го менувам мислењето. Одлуките кои сакавме да ги донесеме пред овој натпревар ќе бидат донесени. Вечерашниот натпревар нема многу да промени“, изјави Артета.

Останува да видиме дали тоа значи дека Луиз ќе добие нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…