Дома Топ вести Синот на холандската легенда ќе ја спасува кариерата во Премиер лигата

Синот на холандската легенда ќе ја спасува кариерата во Премиер лигата

Џастин Клајверт, холандскиот напаѓач ја напушти Рома и кариерата ќе ја продолжи во редовите на англискиот премиерлигаш Бормут.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Синот на поранешниот ас, Патрик Клајверт според медиумите на Островот се преселил за Премиер лигата за сума од 12.2 милиони долари оштета. Клајверт од 2018 година беше член на Рома, но последните три сезони ги помина на позајмици во Лајпциг, Ница и Валенсија.

„Џастин е одличен напаѓач кој има чувство за гол. Брз е, директен и може да се пофали со одлични технички способности. Го бараа бројни клубови, среќни сме што трансферот се реализираше“, изјави Нил Блејк, извршниот директор на Бормут.

Клајверт на новата екипа ќе и се приклучи на почетокот на предсезоната на почетокот на следниот месец и со екипата ќе патува на припреми во Марбеља. Бормут изминатата сезона ја заврши на 15-тата позиција во англиското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…