Дома Трансфер зона Синот на Клајверт веќе е мета на гигантите

Синот на Клајверт веќе е мета на гигантите

Ајакс има неколку големи таленти во својата школа, има и фудбалери кои веќе имаат настапи за првиот тим, како и оние стандарните првотимци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џастин Клајверт веќе игра во првиот тим и воодушеви со своите напаѓачки способности, па сега се наоѓа на мета на најголемите европски клубови.

Најсериозен интерес за Клајверт покажува Тотенхем кој веќе оствари контакт со Ајакс и започна преговори за 18-годишниот фудбалер.

Крилниот напаѓач е посакуван од многу клубови, но Тотенхем е фаворит со оглед на фактот што имаат одлични односи со раководството на Ајакс.

Останува да видиме дали „спарси“ ќе успеат да ја победат конкуренцијата и како ќе се снајде Клајверт во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…