Аркадиуш Милик ова лето иако беше на излезна врата сепак остана во Наполи,но во јануари сигурно ќе го напушти клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Полскиот напаѓач влезе во последната година од договорот и не е дел од тимот на Гатузо, па Наполи сака да го продаде во јануари за да заработи на неговото заминување.
И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона, а фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид.
Симеоне е во потрага по напаѓач, особено поради фактот што Диего Коста е на излезна врата и најверојатно ќе го напушти клубот во јануари.
Наполи за слободата на Милик бара 15 милиони евра, додека „јорганџиите“ се спремни да платат 10 милиони