Дома Топ вести Се спрема ли голем трансфер? Таткото на гол-сензацијата Халанд го посети Манчестер Јунајтед

Се спрема ли голем трансфер? Таткото на гол-сензацијата Халанд го посети Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е прв фаворит за обезбедување на потписот на Ерлинг Халанд од редовите на Ред Бул Салцбург.

„Дагбладет“ пишува дека Солскјер планира да ги искористи личните познавања со младиот фудбалер за да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инаку, Оле Гунар Солскјер му го пружи чувството на Халанд да дебитира како сениор во дресот на Молде, а сега сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Дека трансферот се „крчка“ потврдува информацијата дека таткото на Халанд, Алф Инге Халанд ја посетил базата на Манчестер Јунајтед. Тој е поранешен фудбалер на Лидс и бил во посета на „Карингтон“ да се запознае со условите.

19-годишниот Норвежанец од почетокот на сезоната има постигнато 26 гола, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Манчестер Јунајтед се смета како фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…