Дома Трансфер зона Се сеќавате на Одегард? Европскиот гигант спреми понуда за него

Се сеќавате на Одегард? Европскиот гигант спреми понуда за него

0

Мартин Одегард важеше за еден од најголемите фудбалски таленти и на 16 години направи трансфер во Реал Мадрид, но неговата кариера не се разви според предвидувањата.

Норвешкиот фудбалер моментално игра во Витесе како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, а интерес за него покажува холандскиот гигант Ајакс.

Секако, шпанскиот клуб ќе го има конечниот збор за тоа дали на Одегард ќе му биде дозволено да замине. Договорот на Одегард со Реал Мадрид има важност до 2021 година.

Интерес за Одегард сега покажува Аајакс кој неодамна го исфрли Реал од Лигата на шмпионите. Според некои информации холандскиот клуб е спремен да плати 20 милиони евра.

„Се обидувам да не посветувам внимание на тоа. Морам да играм добро и да постигнувам голови. Ако тоа го направам клубовите ќе ме следат и на лето ќе одлучам каде ќе играм. Ајакс секако е добар клуб“, изјави Одегард кој потоа ја прокоментира сумата која се споменуваше во медиумите.

„Мислам дека тоа е премногу. Не мислам дека некој мора да плати толку многу. Мојот агент разговара со луѓето во Мадрид, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Одегард.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали Габиел Жесус најави заминување од Сити?

Бразилскиот напаѓач во редовите на Сити пристигна од Палмеирас во 2017 година, а „граѓанит…