Дома Фудбал Италија Се појавуваат нови детали: Кој стои зад отказот на Алегри?

Се појавуваат нови детали: Кој стои зад отказот на Алегри?

Вчера од Јувентус беше соопштено дека соработката со тренерот Масимилијано Алегри нема да биде продолжена после завршувањето на тековната сеозона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алегри така ќе се прости од „Старата дама“ после пет години и пет титули шампион на Италија.

Италијанскиот стратег го напушта Јувентус без да го освои толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, токму неуспехот во најелитното европско натпреварување е главната причина за неговиот отказ, но „Кориере дела Сара“ пишува и за несогласувања со потпретседателот на клубот Павел Недвед.

Како што пишува „Кориере дела Сара“ токму Недвед заедно со спортскиот директор Партичи лобирал за прекин на соработката со Алегри.

Првиот човек на клубот Андреа Ањели наводно сакал да ја продолжи соработката со Алегри, меѓутоа бил присилен да избира помеѓу него и Недвед. Се шпекулира дека Недвед на Ањели му поставил ултиматум – „Ако Алегри остане, јас заминувам“.

Поранешниот играч на Јувентус, Недвед сметал дека барањата на Алегри за драстични промени во тимот се претерани и непотребни. На инсистирањето на Алегри за големи промени во тимот и целосен ремонт, Недвед истакнал дека овој тим на Јувентус е тешко да се подобри со она што го нуди трансфер пазарот.

Недвед во текот на играчката кариера од 2001 до 2009 година го носеше дресот на Јувентус и за тој период постигна 51 гол. Во раководството на клубот влезе во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најдобрите на Мундијалот во 2014 година воодушевен од Колашинац: Во 90% од случаите тоа е гол (Видео)

Сеад Колашинец беше прогласен за најдобар играч на натпреварот помеѓу Канада и Босна и Хер…