Иако Динамо активно го убедува Лука Модриќ на лето да се врати во Загреб, доколку реши да замине од Реал Мадрид, веќе извесно време на другата страна на светот се кројат сосема други планови.
Имено, Модриќ е интересен за Саудиска Арабија, односно нејзиниот инвестициски фонд, кој веќе некое време активно купува играчи за сите клубови во лигата. Но, Модриќ не е единствениот на листата желба на богатите саудијци.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Во јавноста сега се појави список со имињата на играчите кои Саудијците сакаат да ги доведат во својата лига на лето. Списокот го објави италијанскиот новинар Руди Галети. На списокот се Мохамед Салах (Ливерпул), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Ромелу Лукаку (Рома), Кевин де Брујн (Манчестер Сити), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Хеунг-Мин Сон (Тотенхем).
Се наведува дека самите фудбалери ќе можат да го изберат клубот за кој ќе потпишат. На маса се четири опции: Ал-Итихад, Ал-Наср, Ал-Хилал и Ал-Ахли. Овие четири клуба се во сопственост на јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија.