Дома Фудбал Се појави снимка: Нејмар во хаосот против Марсеј ја навредил ЛГБТ заедницата? ?

Се појави снимка: Нејмар во хаосот против Марсеј ја навредил ЛГБТ заедницата? ?

Дербито помеѓу ПСЖ и Марсеј кое се одигра во неделата и понатаму е тема број еден во Франција.

Вечерва ПСЖ го игра својот одложен натпревар од првото оло. Парижаните ќе истрчаат на теренот против Мец. Ќе потсетиме тимот на Тухел има два порази во два натпревари. Поразот од Марсеј и понатаму ги полни медиумите во Франција.

Нејмар во финишот од тој натпревар имаше судир со Алваро Гонзалес. Двајцата продолжија да се обвинуваат и на социјалните мрежи. Вечерва дисциплинската комисија ќе одлучува за нивните казни.

Во меѓувреме се појавија нови обвиненија за Нејмар и тоа дека е хомофоб.

Се појави снимка во која Нејмар по излегувањето од теренот порачува: Е*и се пе*еру“ што е протоколувано како навреда за ЛГБТ заедницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…