Тотенхем синоќа на свој терен го победи Евертон со 1:0, а натпреварот го одбележи инцидентот помеѓу играчите на домашниот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, откако судијата свирна крај на првото полувреме Лорис тргна кон Сон со намера за физичка пресметка. За среќа соиграчите навремено реагираа и не дојде до посериозен инцидент.
После натпреварот Лорис објаснуваше дека тоа било само во жар на натпреварот и дека помеѓу него и Сон се е во ред. Исто така откри дека бил лут поради тоа што Сон не учествувал во пресингот на одбраната на Евертон и поради тоа била неговата реакција.
На социјалните мрежи се појави видео кое покажува дека Сон се откажува од пресингот и му овозможува на Евертон одлична шанса за израмнување.
??? pic.twitter.com/XMj91T1lVS
— James John (@JamesJohn2427) July 6, 2020