Дома Македонски спорт Мак фудбал Сејдини: Управниот одбор ќе одлучува за договорот на Ангеловски

Сејдини: Управниот одбор ќе одлучува за договорот на Ангеловски

Договорот на селекторот Игор Ангеловски истекува на 31. декември и иако тој е човекот кој го направи најголемиот успех во историјата на македонската репрезентацијата не е сигурно дека ќе ја води Македонија на ЕП.

Овие денови многу се зборува за иднината на селекторот иако не треба да биде така. Нормално е после еден таков успех Мрме да биде човекот кој ќе ја води Македонија историското прво Европско првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес во „Студио 10“ на ТВ 24 гостуваше претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.

„Игор Ангеловски уште е селектор на ФФМ. Му истекува договорот на 31 декември. За тоа ќе размислуваме со Управниот одбор, затоа што сите одлуки кои се носат кај нас не се носат поединечно. За тоа постои орган, како што се донесе одлука за продолжување на актуелниот селектор, кој го направи најголемиот успех на нашиот национален тим, по истекувањето на договорот ќе се разгледаат барањата на селекторот и ќе се донесе одлука“, изјави Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…