Дома Македонски спорт Мак фудбал Сејдини: На клубови им се заканувале со ваучерите, уценувани се да не бојкотираат

Сејдини: На клубови им се заканувале со ваучерите, уценувани се да не бојкотираат

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше одржана прес-конференција на која зборуваше првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

Прес-конференцијата беше повикана поради вчерашното соопштение од Агенцијата за млади и спорот. Во излагањето Сејдини откри дека до него стигнале информации за закани кон клубовите.

“Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава.

Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна“, изјави помеѓу другото Сејдини

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ѓоре Јовановски си замина од Беласица после само три натпревари

Искусниот македонски стратег Ѓоре Јовановски после само три кола си замина од клупата на Б…