Артур Мело од наредната сезона ќе го носи дресот на Јувентус и неговата авантура во Барселона завршува.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона одлучи овој играч за врска да го размени за Миралем Пјаниќ, а трансферот е завршен пред две недели.
Иако сезоната се уште е во тек, тренерот на каталонскиот гигант Кике Сетиен уште еднаш јасно порача дека не смета на Артур.
„Артур нема да заигра за Барселона единствено ако тоа не биде неопходно. Можеби против Наполи, бидејќу Бускетс и Видал се суспендирани“, јасен беше Сетиен.
Мело за Барселона настапи вкупно 72 натпревари и постигна четири гола. Во клубот пристигна во 2018 година кога дојде од Гремио.