Дома Фудбал Серхио Рамос од првата плата ја израдувал баба му

Серхио Рамос од првата плата ја израдувал баба му

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос откри што направил со првата плата како професионален фудбалер.

Рамос одговараше на прашања на фанови на социјалните мрежи, па беше запрашан како ја потрошил првата плата како професионалец во Севиља.

Рамос откри дека првиот личен доход го потрошил за да ја израдува својата баба, така што и купил нова кујна и купатило со када.

Рамос е дел од Реал Мадрид од 2005 година, кога беше купен за 27 милиони евра од Севиља. Има договор со „кралевите“ до 2021 година, кога ќе има полни 35 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…