Серхио Рамос изгледа дека ги одби милионите од Саудиска Арабија и според последните најави спремен е за сензационално враќање онаму каде што се започна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот дефанзивец сака да се врати во татковината и тоа во неговиот роден крај – Андалузија. Во Севиља има гужва во одбраната бидејќи тука се Баде, Маркао, Нијансу и Гудељ, но се очекува за Рамос да има место.
Рамос ја одби Саудиска Арабија затоа што парите во овој момент не му се приоритет. Во Севиља Рамос ги направи првите фудбалски чекори во професионалниот фудбал, а потоа во 2005 година премина во Реал Мадрид каде што стана вистинска легенда.
По истекот на договорот се пресели во ПСЖ каде што се мачеше со повредите и не ги оправда очекувањата, па по две сезони не го продолжи договорот. Навистина би било убаво за Рамос да ја заврши кариерата онаму каде што ја започна.