Дома Фудбал Серија А ја зголеми вредноста, но само еден Италијац меѓу 11-те најскапи!

Серија А ја зголеми вредноста, но само еден Италијац меѓу 11-те најскапи!

Италијанската Серија А полека го враќа својот сјај, а со доаѓањето на најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо вредноста на лигата значително се зголеми.

Според официјалните податоци тоталната вредност на клубовите во Серија А во моментов изнесува 4.39 милијарди евра односно 4,6 % повеќе во однос на минатата година.

На прво место е секако Премиер лигата чија вредност се проценува на 8.01 милијарди евра, па следува шпанска Примера (5.07 милијарди), а Бундес лигата е на четвртото место со вредност од 3,79 милијарди евра.

Во Серија А тимот составен од 11-те најскапи фудбалери вкупно изнесува 740 милиони евра, но инетерсно во него има само еден Италијанец, а тоа е голманот Џанлуиџи Донарума од Милан.

Покрај Донарума најскапиот тим го сочинуваат Кансело, Скриниар, Кулибали, Алекс Сандро, Милинковиќ-Савиќ, Пјаниќ, Даглас Коста, Дибала, Икарди, Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По историскиот пробив, Брера го носи Хофенхајм на тест во Струмица

Младинците на Брера денеска од 14 часот го пречекуваат Хофенхајм во второто квалификациско…