Дома Фудбал Серија А го одби барањето на Манчини за повеќе одмор пред баражот со Македонија

Серија А го одби барањето на Манчини за повеќе одмор пред баражот со Македонија

Италијанската федерација (ФИГЦ) побара да и се излезе во пресрет на репрезентацијата пред баражот во СП и поради подобра подготовка да се одложи 30. коло во Серија А.

Италијанците се надеваа дека ќе имаат три дена повеќе за подобра подготвка со тоа што ќе се одложи колото на 19. и 20. март, но од Серија А предлогот не беше прифатен.

Раководството на најсилната лига во Серија А денес го потврди распоредот и објави дека ќе се играат натпревари на 19. и 20 март, викендот пред баражот. Пресметката помеѓу Италија и Македонија која се игра во Палермо е закажана за на 24. март.

Ќе потсетиме, победникот од овој дуел ќе оди на подобриот од другото полуфинале помеѓу Португалија и Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По историскиот пробив, Брера го носи Хофенхајм на тест во Струмица

Младинците на Брера денеска од 14 часот го пречекуваат Хофенхајм во второто квалификациско…