Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Сенегал лесно против домаќинот Катар

Сенегал лесно против домаќинот Катар

Сенегал го надигра домаќинот Катар и стигна до лесна победа од 3:1 во вториот меч од Групата А на Мундијалот.


Роналдо плаче за гол, ќе слави ли Србија? - 13 ден ↓↓↓



Од самиот старт Сенегал тргна да ја оправда улогата на фаворит, а Катар уште еднаш ги покажа своите лимити, иако е домаќин на Мунидјалот.

Во 38-та минута Акрам Афиф имаше одлична шанса, но падна во шеснаесетникот после еден дуел, но судијата не досуди пенал.

Неколку минути подоцна Сенегал казни преку Диа и поведе со 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.

На стартот на вториот дел Сенегал зголеми на 2:0 и тоа како да ги „отрезни“ Катарците кои веднаш заиграа похрабро и создадоа неколку одлични шанси.

Конечно во 78-та минута Катар го постигна својот прв гол на Светските првества и преку Мунтари намали на 1:2. Но Сенегал само неколку минути подоцна повторно ја зголеми предноста и зголеми на 1:3 преку Диенг, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Луис Енрике лаже! Еве доказ дека го знаел резултатот на Германците🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Вистинска драма …