Арсенал официјално го објави трансферот на грчкиот дефанзивец Сократис Папастатопулос, кој доаѓа од Борусија Дортмунд.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако финансиските детали од трансферот не се откриени, медиумите пренесуваат дека „топџиите“ за потписот на Саократис платиле 17.6 милиони фунти, а дефанзивецот потпиша 4-годишен договор.
„Среќен сум. Ова е мојот прв ден овде, но сè е специјално. Моментот е прекрасен и јас сум многу возбуден, бидејќи Арсенал е клуб со традиција и со одлични фанови“, изјави Сократис.
Ова е трето засилување за Арсенал за новата сезона, откако претходно „топџии“ станаа голманот Бернд Лено и Стефан Лихштајнер.