Дома Топ вести Саул Нигез го откри името на клубот и ги изненади сите (фото)

Саул Нигез го откри името на клубот и ги изненади сите (фото)

Играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез го привлече вниманието на себе откако напиша дека за три дена ќе го објави името на новиот клуб.

Неговата објава на Твитер ја разбранува фудбалската јавност, па многумина поверуваа дека ќе го напуши Мадрид.

Саул Нигез денес го одржа ветувањето и го објави името на новиот клуб со што повторно ги изненаду сите.

Шпанецот потврди дека отвара сопствен клуб во кој ќе тренираат млади таленти во различни категории. Клубот ќе се вика Клуб Коста Сити и ќе има 500 млади фудбалери во различни категории.

„Го развиваме овој проект многу години и среќен сум што денес можам да објавам дека е официјално отворен. Приоритет на клубот ќе биде равивањето на млади таленти и нивна едукација за спортот“, објави Нигез.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Tрадицијата вели: Реал Мадрид ќе биде шампион!

Реал Мадрид е многу блиску до рекордната 34.титула во Ла Лига откако вчера беше победен Ге…