Дома Фудбал Италија „Сан Сиро“ распродаден за дербито: Милан инкасира рекордна сума!

„Сан Сиро“ распродаден за дербито: Милан инкасира рекордна сума!

0

Италијанските медиуми пренесуваат дека „Сан Сиро“ е комплетно распродаден за дербито во недела и дека Милан поставил нов рекорд во заработка во Серија А.

Пред неколку дена Интер постави апсолутен рекорд во италијанскиот фудбал кога од мечот со Барселона заработи 5,8 милиони евра од билети.

Денес Милан постави рекорд во Серија А и од продажбата на билети до сега инкасира скоро 5 милиони евра, така што веќе се продадени сите билети кои клубот ги пушти во продажба.

Меѓутоа, гостинските навивачи решија да го бојкотираат мечот поради скапите цени на билетите, па „росонерите“ денес ќе ги пуштат во слободна продажба и билетите за гостинскиот сектор.


Следете го Sportski.mk и на


Поради тоа се очекува инкасираната сума да достигна до 5,5 милиони евра, што е апсолутен рекорд во Серија А.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Можат ли гостите до изненадување против европскиот шампион?

За крај на овогодинашниот циклус во Лига на нации ни останува дуелот помеѓу Португалија и …