Дома Трансфер зона Санчо не е повеќе прва трансферна цел на Манчестер Јунајтед

Санчо не е повеќе прва трансферна цел на Манчестер Јунајтед

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо сега е на третото место во трансферните приоритети на Оле Гунер Солскјер, пренесуваат медиумите на Островот.

Солскјер прво сака да го засили тимот во две други зони, а дури потоа ќе се насочи кон англискиот репрезентативец, кој минатото лето беше трансфер цел број еден на „црвените ѓаволи“.

Приоритет на Манчестер Јунајтед ќе биде централен дефанзивец и централен напаѓач, но не се посочувата конкретни имиња.

Трансферот на Амад Диало и добрите игри на Мејсон Гринвуд ги променија палновите на Солскјер и повеќе не е приоритет засилување на крилните позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Пиоли задоволен, Милан преговара со Реал и Челзи

Фикајо Томори и Брахим Дијаз ги исполнија очекувањата во Милано и челниците на клубот сака…