Дома Трансфер зона Само што се врати од повреда, Јувентус го испраќа на позајмица, во игра три клуба?

Само што се врати од повреда, Јувентус го испраќа на позајмица, во игра три клуба?

pjaca

Марко Пјаца сеуште чека на дебито за Јувентус оваа сезона.

Хрватскиот репрезентативец се опорави од повредата и за младинскиот тим на „старата дама“ прикажуваше фантастични настапи. Меѓутоа Масимилијано Алегри не сакаше да ризикува, а според најновите информации од Апенините, Пјаца би можел да биде испратен до позајмица на крајот од сезоната.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Ќе разговараме со Марко за неговата иднина. Мора повеќе да игра после девет месеци пауза и заедно со него ќе ја донесеме најдобрата одлука“, изјави Алегри.

Едноставно за Пјаца во Јувентус нема премногу простор за игра покрај Квардадо, Бернардески, Даглас Коста, Паоло Дибала и Марио Манџукиќ. Токму поради тоа шансите Јувентус да го испрати на позајмица се реални, а заинтересирани клубови секако дека не недостасуваат.

Шалке, Монако и Зенит се најголемите фаворити за доведување на Пјаца како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Хрватот исто така мора да биде внимателен бидејќи пред него е важна полусезона во која ќе се бори за место во селекцијата на Хрватска за Мундијалот во Русија наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…