Салах во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Саудиска Арабија, а медиумите тврдат дека на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Ливерпул.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Клубот од „Енфилд“ веќе почнува да размислува за негов наследник, бидејќи на крајот на сезоната Ливерпул ќе биде спремен да го продаде Египќанецот.
Клубовите од Саудиска Арабија не се откажуваат и на лето Салах ќе биде нивна главна трансфер цел за кого нема да жалат пари.
Саудијците му нудат на 31-годишниот Египќанец да биде еден од најплатените фудбалери во светот, па и самиот Салах е спремен да ја прифати понудата.
Со заминувањето на Клоп клубот ќе сака да направи и промени во тимот, па верува дека е идеален момент за продажба на Салах.