Дома Фудбал Англија Руни до Мегваер: Зошто уште си во Јунајтед кога не те почитуваат?

Руни до Мегваер: Зошто уште си во Јунајтед кога не те почитуваат?

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни смета дека Хари Мегваер треба што побрзо да го напушти клубот затоа што никој повеќе не го почитува.

Руни смета дека Мегваер не треба да дозволи да го понижуваат како што тоа се случува на „Олд Трафорд“. На Мегваер неодамна му беше одземена капитенската лента, а тоа е доволен доказ за Руни за тоа што клубот го мисли за Мегваер.


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


„Навистина не знам зошто Мегваер се уште во Манчестер Јунајтед. Тренерот му ја одзема капитенската лента и очигледно повеќе не му верува, треба достоинствено да си замине, на крајот на краиштата, на англиската репрезентација, потребен и е Мегваер кој игра. Хари е одличен фудбалер и верува во него, но не е важно дали јас верувам, мора тој самиот да си верува. Треба да оди во клубот каде што ќе има простор да покаже колку е добар“, изјави Руни.

Тен Хаг со изјавите во медиумите го бранеше Мегваер, меѓутоа според постапките очигледно и Тен Хаг нема преголема доверба во дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јамал: Не ме споредувајте со Меси, тој е најдобар во историјата

Ламин Јамал е вистинска сензација на ЕП. На 16 години е стартер за Шпанија и ги собори сит…