Дома Трансфер зона Рудигер заминува од Челзи и станува најплатен дефанзивец во светот

Рудигер заминува од Челзи и станува најплатен дефанзивец во светот

Антонио Рудиер најверојатно ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната, а наскоро и официјално ќе започна преговори со другите заинтересирани клубови.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.

Ситуациијата внимателно ја следат Реал Мадрид и Баерн Минхен, кои му нудат двојно поголема плата од таа во Челзи.

Двата клуба испратиле понуда за 3-годишен договор тежок 12 милиони евра по сезона, со што Рудигер ќе стане најплатен дефанзивец во светот.

Рудигер е слободен од јануари и официјално да започне преговори и да потпише преддоговор со новиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…