Дома Фудбал „Росонерите“ убедливи на стартот на подготовките

„Росонерите“ убедливи на стартот на подготовките

Фудбалерите на Милан славеа на првиот пријателски меч во рамки на подготовките за следната сезона.

Избраниците на Винченцо Монтела се засилија со пет нови фудбалери, Силва и Конти се уште не се дел од тимот поради обврски околу репрезентациите, но и покрај тоа славеа на стартот против швајцарски Лугано со 0:4.

Поведоа фудбалерите на Милан во раната втора минута, по убавата акција, а стрелец на погодокот беше младиот Кутроне.

До крајот на првиот дел немаше погодоци, а за 2:0 во 64. минута прецизен беше Крочата.

Третиот погодок на мечот беше дело на искусниот Хозе Сосе во 83. минута по фантастината асистенција на Маури.

Конечниот резултат го постави Густаво Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…