Дома Фудбал „Росонерите“ во еуфорија – пристигна Кака (видео)

„Росонерите“ во еуфорија – пристигна Кака (видео)

Легендарниот Рики Кака денес пристигна во Милано, прво го посети музејот во „Каса Милан“, а потоа замина на средба со раковоството.

Кака најверојатно ќе се врати во својот Милан, но се уште не е јасно во која улога. Тој самиот вели дека не знае дали сака да продолжи да игра фудбал, а навивачите сакаат да го видам на пролет како се простува од фудбалот во дресот на Милан.

Раководството најверојатно ќе му понуди некое директорско место, а самиот Кака не ја отфрли можноста, но вели дека се уште нема донесено конечна одлука.

„Пресреќен сум. Мојата љубов кон овој клуб и навивачите е неверојатна. Вистина е дека постои можност да се вратам во клубот и самото тоа ме возбудува уште повеќе. Разговарав со Фасоне, но се уште не сум донел конечна одлука што сакам да правам. Врската помеѓу Милан и мене е нераскинлива“, изјави Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три офсајди го оставија дербито без голови, ФФМ ги покажа спорните моменти

ФФМ ги објави снимките од трите поништени погодоци во Гостивар и ги оцени судиските интерв…