Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Јунајтед е силен тим, но и ние имаме свои оружја

Роналдо: Јунајтед е силен тим, но и ние имаме свои оружја

ronaldo

Kристиано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ и се обрати на новинарите на конференцијата за медиумите пред натпреварот помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

Англиските новинари, не би биле англиски доколку Роналдо не го дочекаа со обвинувањата за силување и фактот што оваа година досега не доби ниту една индивидуална награда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалецот вешто во своите одговори успеа да ја избегне ситуацијата во која се најде во изминатите месеци и се сконцентрира на спортскиот дел од прашањата.

„Не сум опседнат со индивидуалните награди. Во последните два месеци фокусиран сум само на Јувентус. Уживам навистина, беше одлично. Прилогадувањето помина лесно и сите во тимот се феноменални. Индивидуалните награди не ми значат ништо. Освоив многу награди, но тоа никогаш не било проблем“.

„Јас сум среќен човек. По повод обвинувањата објавив соопштение пред две недели. Немам намера да лажам со било што во овој случај. Моите адвокати се убедени дека се ќе биде во ред, исто ти јас. Најважно за мене е што уживам во фудбалот. Имам луѓе кои се грижат за другите работи. Вистината секогаш го наоаѓа светлото на денот“.

„Знам дека за многумина сум пример и на теренот и надвор од него. Секогаш се смеам. Јас сум благословен. Играм во фантастичен клуб, имам прекрасно семејство, здрав сум. Останатото не влијае на мене“, изјави Роналдо.

Роналдо знае дека на Јувентус нема му биде лесно на „Олд Трафорд“.

„Ќе биде тежок натпревар. Знаеме дека Јунајтед е добар тим, играат дома. Но, и ние имаме свое оружје и своја шанса. Ако играме добро, така како што тренерот сака, ќе победиме. За мене е емотивно, ова враќање е голема работа. Свесен сум за историјата. Освоив бројни трофеи тука. Сер Алекс Фергусон е некого кого никогаш нема да го заборавам и би сакал да го поздравам во оваа прилика“, порача Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …