Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо денес се појави во клупската база на тренинг за прв пат после семејната трагедија.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот во понеделникот соопшти дека неговата вереница Георгина родила близнаци, но машкото бебе починало.




Клубот му даде неколку слободни денови, Роналдо го пропушти вчерашното дерби со Ливерпул, но денес се појави на тренинг. Од клубот му дадоа слободно колку што му е неопходно, но фудбалерот денес се појави во базата Карингтон.




Роналдо пред неколку дена постигна хет-трик против Норвич и стигна до 21 гол оваа сезона во дресот на „црвените ѓаволи“.