Maнчестер Јунајтед после тешкиот пораз од Ливерпул во изминатиот викенд им се врати на победите против Тотенхм (0:3).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кристиано Роналдо после натпреварот во Лондон истакна дека било јасно дека нешто требало да се промени после поразот од Ливерпул.




„Знаевме дека не чека тешка недела, имавме резултати кои не ги очекувавме, имаше и притисок, но знаевме дека добро ќе одговориме. Моја работа е да помогнам со постигување голови, искуство и асистенции. Успеав во тоа против Тотенхем и задоволен сум“.




Критиките не го погодуваат многу.
„Нормално е играчите и тренерите да се менуваат, критики секогаш има. Мене лично тоа не ме погодува многу, играм долго и знам дека еден ден е се во ред, а потоа ќе ви зборуваат дека немате поим. Подобро е кога те фалат секако, но не може секогаш да биде така“, изјави Роналдо.




Роналдо против Тотенхем постигна гол и запиша асистенција за Кавани. Третиот гол беше дело на Кавани.