Дома Фудбал Англија Роналдо им ја соопштил на соиграчите одлуката за иднината

Роналдо им ја соопштил на соиграчите одлуката за иднината

Кристиано Роналдо им соопштил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед дека останува во клубот и следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот услов за тоа е новиот менаџер Ерик тен Хаг да го сака во составот. 37-годишниот Португалец има договор со „црвените ѓаволи“ на уште една година, но откако Јунајтед не ибори пласман за ЛШ се погласни се шпекулациите за негово заминување.

„Сан“ цитира извор близок до клубот и тврди дека Роналдо не сака да си оди во вака тежок момент за Јунајтед и сака да му помогне на клбот да се врати во ЛШ и да се бори за титулата во Премиер лигата.

Во случај Тен Хаг да реши дека нема да смета на Роналдо за да ја гради иднината на тимот, тогаш Португалецот ќе си замине.

И покрај фактот што сеозната беше лоша за Манчестер Јунајтед, Роналдо ги задржа своите стандарди и до сега има постигнато 24 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пропадна трансферот на Манчестер сити од 140 милиони евра

Енцо Мареска практично ги намали шансите Манчестер Сити денес да го исполни ултиматумот на…