Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Голот видов дека е фантастичен во соблекувална, требаше да победиме со три-четири разлика

Роналдо: Голот видов дека е фантастичен во соблекувална, требаше да победиме со три-четири разлика

0
ronaldo

Кристиано Роналдо постигна фантастичен погодок во натпреварот помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед, но на крајот неговиот тим претрпе пораз од 1:2.

Португалецот изведе мајсторски волеј и во 65-тата минута ја доведе „старата дама“ во водство. Сепак, Манчестер Јунајтед со двата гола во финишот од натпреварот (86-та и 90-та минута) успеа да направи пресврт.

Роналдо после натпреварот во изјава за медиумите истакна дека во прв момент немал претстава дека постигнал фанатастичен гол, тоа го заклучил после прегледувањето на снимката во соблекувалната. Покрај тоа истакна дека според него Јувентус требало да победи со три-четири гола разлика.


Следете го Sportski.mk и на


„Голот го видов во соблекувална. Навистина во моментите на теренот немав претстава дека постигнав фантастичен гол. Имав добро двиежење и силно ја шутнав топката. Среќен сум за голот, но и разочаран што не победивме. Ние бевме подобриот противник и требаше да славиме со најмалку три-четири гола разлика. Манчестер не направи многу во натпревар, направија две чисти шанси кои ги искористија. Треба научиме од овој пораз и да не ги повторуваме грешките“, изјави Роналдо.

И покрај поразот Јувентус останува лидер во групата со девет освоени бодови, зад него следуваат Јунајтед со седум, Валенсија со пет и Јанг Бојс со еден освоен бод.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нејмар конечно се огласи за „конфликтот“ со Кавани

Двете ѕвезди на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани и Нејмар имаа непријатен „дуел“ за време н…