Дома Фудбал Роналдињо и во затвор игра фудбал, и тоа за трофеј!

Роналдињо и во затвор игра фудбал, и тоа за трофеј!

Легендата на бразилскиот фудбал, Роналдињо се наоѓа во парагвајски затвор, откако заедно со својот брат беа фатени во државата со фалсификувани документи.

Роналдињо е главна ѕвезда во затворот Агрупасион, а најновите информации кои доаѓаат од таму е дека ќе игра фудбал во затворски турнир.

Тоа е традиционален турнир кој го организира затворот, се игра за трофеј, повикан е Роналдињо, кој ќе може да игра, но нема да смее да постигнува голови.

„Ако Роналдињо го прифати повикот, тој ќе има право да игра, да асистира, но не и да постигнува голови. Тоа е услов кој му го поставија другите затвореници. Како и секогаш, Роналдињо со насмевка го прифати ова „ригорозно“ правило“, изјави еден тамошен новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шешко ја пропушта пресметката во Скопје, Словенија доаѓа со Облак

Боштјан Цесар ќе се потпре на проверениот состав за ноемвриските натпревари, но без повред…