Рома е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот. „Волчицата“ до сега привлече 11 нови фудбалери, но не мисли да застане.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После пропаднатиот трансфер на Малком, Рома сака да донесе уште еден крилен напаѓач, а прва мета е играчот на Милан, Сусо.
Спортскиот директор на Римјаните, Мончи е решен да го привлече Сусо и веќе се сретнал со агентот на Шпанецот Алесандро Лучи за да разговара за можниот премин на крилото на „Олимпико“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома испратила понуда од 15 милиони евра плус Диего Пероти, но Милан експресно ја одбил истата.
Имено, „росонерите“ не ни помислуваат да се разделат со Шпанецот и ја известиле Рома дека Сусо не е на продажба.