Каиседо наскоро ќе стане нов играч на Челзи, објави Фабрицио Романо со својот популарен хаштаг „Here We Go“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најпознатиот светски стручњак за трансфери наведува дека трансферот на Каиседо од Брајтон во Челзи е најголемиот во историјата на Премиер лигата.
Рекордот претходно го држеше Енцо Фернандез, аргентинскиот играч за врска кого Челзи летово и плати 121 милион евра на Бенфика.
Челзи за одличниот играч за врска ќе плати 133 милиони евра обештетување, а процент од отштетата од следниот трансфер ќе добие и Брајтон.
Каиседо ќе потпише договор со Челзи до 2031 година со опција за продолжување до 2032 година, односно на осум или потенцијално девет години.