Дома Фудбал Романија без селекторот во натпреварот против Македонија?

Романија без селекторот во натпреварот против Македонија?

Селекторот на репрезентацијата на Романија, Мирел Радои е позитивен на коронавирус и многу веројатно тој нема да ја води селекцијата во натпреварот против Македонија.

Радои требаше да има прес-конференција, но таа е откажана откако тој ја известил јавноста во Романија и националниот тим за неговата ситуација. Македонија против Романија ќе игра на 25 март во Букурешт.

„Во текот на вчерашниот ден направив тест на Ковид и за жал тој даде позитивен резултат. Немам симмптоми и се надевак дека е грешка. Едвај чекам да заврши карантинот од 14 дена и да се вратам на обврските“, изјави Радои.

Во наредните неколку дена ќе му биде направен нов тест и ако на тој добие позитивен резултат тогаш дефинитивно нема да биде на клупата на Романија на 25.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кајоде блесна на дебито за Италија: Манчини ми веруваше повеќе отколку што очекував

Мајкл Кајоде го одбележа првиот настап за Италија со гол против Турција, а откри и зошто н…