Дома Фудбал Робињо додека бил во Мадрид направил ноќен клуб во подрумот од неговата куќа

Робињо додека бил во Мадрид направил ноќен клуб во подрумот од неговата куќа

Ројсон Дренте во интервју за „FourFourTwo“ магазинот зборуваше за своите денови поминати во Мадрид.

Дренте во 2007 година потпиша за Реал Мадрид, а денес се потсети на тие времиња.

„Слушнав дека ме сакаат 16 клубови. Разговарав со претседателот на Барселона, Лапорта, па со спортскиот директор на Реал, Мијатовиќ. Тогаш ги запознав сите големи спортски личности и поголемиот дел од нив ми нудеа петгодишни договор со горе-долу исти услови, но Реал е Реал“…

Зошто баш Реал?

„Кога бев дете бев фасциниран од се што го опкружуваше Реал, целиот тој гламур како што можете да видите во филмот Гол…Сакав да бидам дел од сето тоа“.

Првите денови во Мадрид?

„Се чуствував како дома. Сите топло ме дочекаа. Гути беше многу добар кон мене, тогаш се здружив со Робињо. Често пати одев кај него, а подрумот од неговиот дом го претвори во ноќен клуб“.

Во сезоната 2009/2010 имаше големи очекувања, но со доаѓањето на Жозе Мурињо работите се променија.

„Таа сезона мислев дека можам да ги изедам ривалите, мислев дека ќе ги играм сите натпревари, но управата ми кажа дека Марсело исто така мора да игра, па се менувавме. Спортскиот директор веројатно повеќе беше за Марсело. Мурињо во 2010 година ми кажа дека ќе ми даде минути, но на крајот одлучи дека морам да одам на позајмица“.

Играше во Холандија на позајмица, а во 2012 година го напушти Мадрид.

„Постоеше голем интерес од други клбови, но Реал и понатаму беше во мојата глава. Во Мадрид имав апсолутно се и така другите клубови ми беа помалку интересни“, изјави Дренте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем без проблеми до осминафиналето во Лига Европа 🎥

Фудбалерите на Тотенхем вечерва на свој терен го победија Волфсбергер (4:0) и во вториот н…