Дома Македонски спорт Мак ракомет Ристо Магдинчев е нов тренер на ГРК Тиквеш

Ристо Магдинчев е нов тренер на ГРК Тиквеш

Искусниот македонски стратег Ристо Магдинчев ќе биде нов тренер на ГРК Тиквеш.

Веста Тиквеш ја потврди на социјалните мрежи.

„Новата сезона со себе носи нови предизвици, но клубот со полна пареа работи и се среми кон новите предизвици и победи особено на домашен терен пред полна сала Јасмин со целиот нејзин сјај и капацитет.

ГРК ТИКВЕШ 2014 веќе на 29ти Јули искусниот тренер Ристо Магдинчев ќе го направи првиот тренинг состанок на кои ќе се појават играчите од претходната натпреварувачка сезона, но и нови 5 ракометни имиња“, стои во соопштението.

,,Уште претходната година имав позитивно мислење за целокупниот проект на ГРК ТИКВЕШ 2014. Екипата има квалитетни поедици кои ги задржа и оваа година. Сметам дека станува збор за стабилен клуб во секој поглед. Од екипата очекувам максимална ангажираност, професионалност, дисциплина и фанатична борбеност“, изјави Магдинчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Oбјавен распоредот на Вардар за новата сезона во Лигата на шампионите

Денес ЕХФ го потврди распоредот на Вардар за новата сезона во Лигата на шампионите. Според…