Дома Трансфер зона Рибери откри дека ја избрал Фиорентина (фото)

Рибери откри дека ја избрал Фиорентина (фото)

0

Франк Рибери на крајот на минатата сезона го напушти Баерн Минхен, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Легендарниот Французин доби понуда од Фиорентина, а преку социјалните мрежи „откри“ дека е спремен за нов предизвик во кариерата.

Рибери одби многу понуди од Обединетите арапски ермирати, Кина и Русија, бидејќи неговото семејство сака да остане во Европа.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија под која напиша: „Готов за нови предизвици“, а веднаш доби коментар од Лука Тони да дојде во Италија.

Рибери одговори позитивно, со неколку емотикони и даде до знаење дека е спремен да ја прифати понуда на Фиорентина.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Уште една „отфрлена“ ѕвезда на Јунајтед се сели во Италија

Немања Матиќ оваа сезона изгледа не е во првите планови на тренерот на Манчестер Јунајтед,…