Дома Фудбал Репрезентативец на Замбија потпиша за Црвена Звезда

Репрезентативец на Замбија потпиша за Црвена Звезда

Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Замбија, Кингс Кангва е нов играч на Црвена Звезда.

23-годишниот играч доаѓа од редовите на руски Арсенал Тула. Со Црвена Звезда тој потпиша договор на четири години.

Кангва во кариерата играше за Хапоел Бер Шева во Израел, а потоа за Билдкон од Замбија. Во 2019 година направи трансфер во Арсенал. За репрезентацијата на Замбија постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…