Дома Трансфер зона Ренато Санчез експресно го напушта ПСЖ

Ренато Санчез експресно го напушта ПСЖ


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Ренато Санчез ова лето беше блиску до трансфер во Милан, но на крајот се одлучи за Пари Сент Жермен.

Меѓутоа, Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па не доби повик и за Мундијалот.

Бидејќи не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ, Санчез е спремен да ја промени средината уште во јануари.

Најсилен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот.

Италијанските гиганти треба да се изборат со конкуренцијата бидејќи интерес за Португалецот покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гундоган се сели во Серија А

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган …