Дома Фудбал Италија Рекорд во Италија: „Машината“ Пиатек го стигна Виери!

Рекорд во Италија: „Машината“ Пиатек го стигна Виери!

Полскиот напаѓач Криштоф Пиатек е апсолутна сензација оваа сезона во Серија А, а попладневе сруши уште еден рекорд.

Џенова загуби на домашен терен од Парма со 1:3, но Пиатек го постигна својот 9-ти гол оваа сезона и тоа на само седум натпревари.

Полјакот даде и 4 гола во куп натпреварот против Лече, па има вкупно 12 гола оваа сезона.

Пиатек со денешниот гол го израмни рекордот на Бобо Виери, кој во сезоната 2002/03 постигна гол на првите седум меча во Серија А.

Апсолутниот рекорд го држи Габриел Батистута, кој во сезоната 1994/95 постигна гол на секој од првите 11 меча во првенството.

Новата ѕвезда е родена – Криштоф Пиатек!

https://youtu.be/NM5NizpUh_w

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија Ѓорче Петров против Камјани им се врати на победите

Македонија Ѓорче Петров стигна до важни три бода во првиот натпревар од петтото коло во Вт…