Дома Фудбал Резултати од првите натпревари во второто квалификациско коло за Лига на шампиони

Резултати од првите натпревари во второто квалификациско коло за Лига на шампиони

Фудбалерите на Партизан, Ријека, Салцбург и Карабаг се стекнаа со предност во однос на опонентите по првите натпревари од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Хрватскиот шампион Ријека со 2-0 славеше во дуелот против ТНС од Велс. Македонските репрезентативци Ристовски и Жута беа во стартниот состав на Ријека.

Идентична победа како Ријека забележа и Партизан. Српскиот првак, во балканското дерби славеше над Будуќност од Подгорица.

Австриски Салцбург како гостин на Малта успеа да слави над Хибернијан со 3-0.

Најубедливата победа ја забележа азербејџанскиот шампион Карабаг кој со 5-0 Самтредиа од Грузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанските гиганти играат на сигурно: Каде е шансата за младите тренери?

Европските разочарувања на Јувентус, Милан и Аталанта отворија поширока дебата: дали најго…