Ракометарките на Вардар ја забележаа петтата победа во ВРХЛ лига. Тие денес   славеа над црногорскиот првак Будуќност со резултат 31:24. Ова беше   првиот натпревар од третиот турнир во регионалното натпреварување. Се очекуваше поголем отпор од славниот Будуќност, сепак победникот беше решен уште во првиот дел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардарки доминираа уште по певиот судиски свиреж, тие не наидоа на  голем отпор од гостинките.   Избраничките на Дибирова  играа, погодуваа па на одмор замина со “плус осум“. Вардарки водеа со 19-11 по првите 30.минути во Јане Сандански. Будуќност цело време бркаше резултат, но македонскиот умешно ја контолираше предноста и славеше на крајот со седум гола предност.

Најдобра кај Вардар беше Андреа Пенезиќ со постигнати  осум гола, Лакрабер погоди седум пати. Следниот втор, и последен дуел Вардар го игра за два дена, кога се сретне со тимот на  Крим во “Јане Сандански“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…