Дома Топ вести Реал ја доби битката за новата француска ѕвезда

Реал ја доби битката за новата француска ѕвезда

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е многу блиску до комплетирање на трансферот на Лени Јоро од Лил.

Младиот француски дефанзивец важи за еден од најголемите таленти и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти пред се ПСЖ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лил е свесен дека нема да може да го задржи 18-годишниот дефанзивец и е спремен да го продаде ова лето, а Реал веќе ја победил конкуренцијата.

После заминувањето на Начо, Реал ги забрзал преговорите и постигнал договор со Французинот, а „кралевите“ се спремни да ја платат сумата од 40 милиони евра која ја бара Лил.

Медиумите пренесуваат дека трансферот треба да биде комплетиран во следните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…