Дома Топ вести Реал спреми нови договори за Роналдо, Бејл, Модриќ и Пепе!

Реал спреми нови договори за Роналдо, Бејл, Модриќ и Пепе!

Тони Крос вчера и официјално стави потпис на нов договор со Реал Мадрид до 2022 година, а медиумите најавуваат дека тој е само првиот од редицата фудбалери кои ќе добијат нови договори.

Главна мисија секако ќе биде да се задржи Кристиано Роналдо. Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе се започнати преговори и наскоро Портуаглецот ќе потпише нов договор до 2021 година според кој ќе заработува 23 милиони евра по сезона.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Притоа, нови договори наскоро ќе потпишат и Герет Бејл, кој веќе има постигнато договор со раководството за верност до јуни 2022 година, како и Лука Модриќ кој ќе добие нов петгодишен договор.

Најголемо изненадување е тоа што сега се нуди нов договор и за дефанзивецот Пепе, кој требаше да замине на крајот на сезоната, но ќе потпише нов договор до јуни 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …